Австралиската компанија „Brighsun New Energy“ тврди дека изградила батерија за електрични возила што ќе им овозможи да поминат дури 2.000 километри.

Новите батерии, кои се во фаза на тестирање, наводно ќе имаат работен век од дури два милиони километри. Производителот тврди дека паметните телефони опремени со вакви батерии можат да се користат цела недела со едно полнење.

Станува збор за литиум-сулфурни батерии, на кои научниците од австралиската компанија работат на последните осум години. Нивната густина на енергија е 5 до 8 пати поголема од конвенционалните батерии.

Независното тестирање досега, спроведено од независната агенција SGS, покажа дека новите батерии задржуваат дури 91 процент од нивниот капацитет по 1.700 циклуси на полнење. Вклучени во овој број на полнења се и „стандардните“ и агресивно брзите полнења од 30 минути.

И покрај многу компании кои развиваат батерии со литиум-сулфур, „Brighsun New Energy“ тврди дека успехот на нивните батерии се заснова на фактот дека тие успеале да го решат нивниот најголем проблем – формирање на дендрити, односно кристализација на анодата и полисулфидот на катодата.