MIT Media Lab групата го претстави својот проект Kino, кој се состои од мали роботи прицврстени на облеката, а кои можат за само неколку секунди да го променат изгледот на облеката или накитот. Желба им е во иднина да создадат роботи кои би биле доволно мали да не се забележат на облеката, а кои би можеле секое парче облека да го заменат за неколку моменти.

Тимот на својот блог претстави неколку различни роботи. Првите можат да го променат примерокот на облеката така што и самите се обоени во одреден примерок, а со движење по ткаенината се создава поинаков впечаток. Вторите се обликувани како накит и за само неколку секунди можат од ѓердан да станат брош или поинаков ѓердан.

Додека третите роботи се задолжени за создавање привремени примероци на ткаенината. Секако, важно е каква ткаенина е во прашање, па така роботче што се движи по кадифе би можело да остави интересни траги на неинтересна еднобојна мајца.