Компанијата Sony поднела барање за патент наречен „систем и метод за генерирање на кориснички внесови за видео игри“, кои би требало да овозможат на игрите да користат вообчиаени куќни предмети како контролери, а дале пример дека бананата може да послужи за контрола на видео игрите.

Цената на модерни контролори за видео игри се високи, па ова звучи како генијална алтернатива која гејмингот ќе го направи уште подостапен за „обичниот човек“.

Компанијата во своето барање напменува дека изработката на овие работи може да биде комплицирана во зависност од моделите, па затоа многу чини. Најидеално би било кога корисникот би можел да користи евтин, едноставен и неелектронски уред.