Компанијата Hyperkin, која се занимава со производство на додатоци за игри, ќе пласира реплика на легендарниот контролер на конзолата Xbox 360, кој ќе биде компатибилен со новите Xbox Series X и S конзоли.

Контролерот, наречен Xenon, го враќа дизајнот стар речиси две децении, но со модерни карактеристики, вклучувајќи модерен USB-C кабел што се одвојува и приклучок за слушалки. Има копчиња Menu, View и Share и е целосно компатибилен со конзолите Xbox Series X и S.

Поддржан е и од компјутери кои користат оперативни системи Windows 10 и 11, но безжичната поддршка во овој случај не е поддржана.

Hyperkin ќе продава xenon во бела, црна, розова и црвена боја, а датумот на почеток на продажбата и цените се уште не се познати.

Ова не е прв обид на Hyperkin да заработи од носталгијата. Компанијата претходно работеше со дизајнерот на Xbox, Симус Блекли за да создаде нова верзија на контролерот Duke на Microsoft.

Судејќи според рендерите објавени од компанијата, контролорот изгледа многу блиску до оригиналот.