На Маринското наоѓалиште на Урал, во близина на Свердловск, е ископан најголемиот пронајден во последните триесет години во Русија смарагд, чија тежина е 1,6 килограми, а проценетата вредност заедно со извадениот скапоцен камен е 32 милиони рубљи (околу 430 илјади евра).

Ова е најголемиот камен ископан во Русија во последните 30 години. Кристал на смарагдот тежок преку два килограми беше пронајден 1990 година, а потоа минатата година беше ископан камен чија маса беше 1540 грама, се наведува во соопштението. Според генералниот директор на Мариинското наоѓалиште, каменот е изнесен на површината практично во изворниот облик, а неговите рамни страни покажуваат дека се работи за редок минерал.

Смарагдот е пронајден во рудник на длабочина од 260 метри. Станува збор за вистински природен примерок, уникатен не само според своите димензии туку и според формата на кристалите. Врз основа на бојата стручњаците го сместија во втората класа („зелен“), а според категорија во третата, поради присуството на природни пукнатини. Корисниците веќе се заинтересирани за смарагдот чија вредност заедно со ископаните скапоцени камења е 32 милиони рубли (430 илјади евра).

Каменот пронајден минатата година по големина е сличен токму на штотуку ископаниот, а е класифициран во втората категорија поради недоволната проѕирност. Бојата кај двата камена е релативно светла, додека кај најдобрите смарагди е малку потемна. Инаку, најголемиот во историјата кристал на смарагд тежок 28 килограми е пронајден во Бразил 1974 година, а најголемиот обработен кристал на смарагд има маса од 7,5 килограми.

Мариинското наоѓалиште е претпријатие во рамките на Малишевското наоѓалиште на смарагди и берили. Тоа е единственото во Русија, најголемото во Европа и едно од трите најголеми во светот. Тука се вадат берили смарагди, фенакити и александрити. Во Мариинското наоѓалиште годишно се преработуваат 94 илјади тони руда, како и 150 килограми смарагд, 15 килограми александрит, преку пет тони берил.

Извор: Russia Beyond