Доколку имате Android или iPhone купен во последните 7-8 години, веројатно сте го виделе авионскиот режим на работа. Еве што тој прави и која е неговата намена.

Дали некогаш сте слушнале интерференција откако сте го ставиле смартфонот многу блиску до звучник? Тоа може да се избегне ако Android или iPhone е во посебен начин на работа наречен авионски режим на работа.

Точното име на овој начин на работа на вашиот телефон зависи од производителот, па тој може да се вика Airplane Mode или Flight Mode, но функцијата е секогаш иста и таа ја спречува горенаведената интерференција.

Авионскиот режим на работа не зависи од bluetooth или wi-fi

Според најновите истражувања, сценариото во кое смартфонот може тешко да влијае врз работата на леталото е, независно од фреквенцијата на работа на уредите во авионот, многу неизвесно. Иако авиокомпаниите и понатаму се убедени дека исклучениот смартфон е најдобар смартфон, дојде добра вест во вид на овозможување на bluetooth или wi-fi што можат да се активираат без разлика на тоа дали ви е вклучен авионскиот режим на работа на телефонот.

Во случај на нивна активација, комуникацијата со кулите за мобилен сигнал и понатаму е исклучена, што е одобрено од мнозинството авионски компании.

Корисен режим

Авионскиот режим на работа е корисен за повеќе работи. За почеток, тој ви овозможува тишина – слобода од сите напорни известувања што би можеле да ви пречат додека работите нешто. Ако сакате тишина, само вклучете го овој режим на работа, но внимавајте да не заборавате да го исклучите подоцна, инаку нема да бидете достапни.

Поради тоа што овој начин на работа гаси поголем број функции кои инаку немилосрдно ја цицаат батеријата, доби неочекувана улога на спасител на уредот кој е пред исклучување, одржувајќи го во живот доволно долго за да може корисникот да стаса дома и да го стави на полнач.

Извор: Tportal.hr