Доколку се мислите какво значење има PureView во името на телефонот, можеби 5-те камери на задната страна од уредот ќе ви го објаснат значењето. Компанијата HMD Global која ги има правата врз името Nokia, го објави смартфонот кој ќе биде интересен за оние кои се фото ентузијасти. Системот на 5-те камери на задната страна на телефонот е развиен во соработка со копаниите Light, Carl Zeiss и Qualcomm. Освен оваа новина, телефонот има и други добри карактеристики. Екранот на телефонот е 5.99 инчи во дијагонала, станува збор за OLED панел со Quad HD+ резолуција. Телефонот има сензор за отпечаток на прст, но тој се наоѓа под самиот екран. Телефонот користи USB-C порта за полнење на батеријата, но недостасува приклучок за слушалки.

Nokia 9 PureView

За жал, телефонот ќе го користи ланскиот најдобар процесор односно Snapdragon 845. Телефонот содржи 128GB внатрешна меморија, како и 6GB RAM. Батеријата има капацитет од 3320mAh, но поддржува брзо полнење како и безжично полнење. Да се вратиме кај главната карактеристика на овој телефон. Сите пет камери на задната страна на телефонот користат леќи од компанијата Carl Zeiss и имаат сензори од 12MP. Два од сензорите се сензори во боја, додека другите три сензори се во црно-бела варијанта, а се поставени за да помогнат околу длабочината, контрастот и осветленоста на фотографиите.

Nokia 9 PureView

Nokia 9 PureView доаѓа со вклучени Google Lens, Google Photos и Adobe Lightroom кои ќе помогнат корисникот подобро да ги складира, пребарува и едитира фотографиите. Телефонот би требало да биде достапе во Европа и во Северна Америка, по цена од 599 евра односно 699 долари. Телефонот се очекува да започне да се продава во март, а ќе биде достапен само во една боја – полноќно сина.