Поттикнат од ескалацијата на судирите со САД и претходната забрана на производите на ZTE, Huawei наводно веќе развил сопствен оперетивен систем за мобилни уреди и компјутери.

Ситуацијата во која денеска се најде Huawei – а тоа е прекинот на соработката со Google и големите светски производители на чипови – претерано не ја затече кинеската компанија, барем ако може да им се верува на тамошните медиуми. Според пишувањето на South China Morning Post, Huawei антиципирал дека би можело да дојде до проблеми во соработката со американските компании, па така и со Google, и уште претходно разви сопствен оперативен систем, како за паметни телефони и таблети, така и за компјутери.

Овој оперативен систем, наречен Hongmeng, бил во развој уште од 2012. година, кога почнаа проблемите за кинескиот ZTE на американскиот пазар. Платформата во развој на Huawei требаше да послужи “за секој случај”, доколку се случи некоја вонредна ситуација во односите со САД и Google, на чиј Android систем се потпира компанијата. Ваквата ситуација сега и се оствари.

“Имаме подготвено сопствен оперативен систем, ако се испостави дека повеќе не би можеле да го користиме Android. Подготвени сме и имаме план B”, изјави уште во март, шефот на мобилниот оддел на Huawei, Ричард Ју за SCMP.

Од компанијата минатата недела, кога ситуацијата со забраната на САД почна да се вжештува, потврдија дека имаат резервно решение. Иако не сакаат да го користат, ниту очекуваат дека ќе биде потребно, целосно се подготвени за секој проблем. “Android и Windows секогаш ќе останат нашиот прв избор”, порачаа преку портпаролот, но со оглед на денешниот развој на настаните, не е исклучено дека Huawei ќе посегне по едно од трите можни решенија и ќе го активира својот оперативен систем, како алтернатива на платформата на Google, и можеби системот на Microsoft.

 

Google ja повлече лиценцата за Android од Huawei

Официјална реакција на Huawei по најавите на Google