Sony продолжува да ја подобрува својата линија на паметни телефони Xperia, а врз основа на протечените спецификации на интернет, се дознава дека Xperia 3 ќе понуди прилично сериозен хардвер.

Јапонскиот смартфон од висока класа треба да има премиера во текот на 2020. година. За хардверот на уредот „виновен“ е Geekbench, кој ги прикажува моќниот Snapdragon 865 чипсет и респектабилните 12GB RAM меморија.

Количеството на RAM меморија е изненадувачко со оглед на фактот дека сегашните Xperia 1 и Xperia 5 нудат само 6GB меморија. Geekbench 4 посочува на матичната плоча „Kona“ – кодно име Snapdragon 865. Телефонот работи на Android 10 оперативниот систем.

Паметниот телефон на Sony се очекува да има заоблена задна страна, а резолуцијата би можела да биде QHD, за разлика од 4K на Xperia 1 моделот. Актуелните рендери на уредот, на прв поглед сугерираат импресивна камера, составена од шест различни сензори.

Xperia 3 смартфонот (познат и како Xperia 0) најверојатно ќе биде официјално претставен на IFA саемот во Берлин следната година.