По информациите за интеграцијата на Photomath во Snapchat, пристигнува уште една вест која се однесуваа на оваа мобилна апликација.

Претставници на Snap (компанијата која стои зад Snapchat) остварија партнерство со компанијата Huawei. Соработката помеѓу компанијата од Силиконската долина и кинескиот производител на мобилни уреди ќе вклучува оптимизација на паметните телефони на Huawei за функционирањето на апликацијата Snapchat.

Засега се споменува оптимизација на најновите Huawei P30 и P30 Pro модели, односно сопствениците на овие уреди преку Snapchat ќе снимаат подобри фотографии со повисока резолуција, додека видео содржините ќе ги карактеризира подобра стабилизација.

Корисниците на овие телефони ќе имаат на располагање и некои посебни можности во рамките на Снапцхат, благодарение на оптимизацијата на 16-мегапикселната широкоаголна камера. Засега не е официјално познато кога овие надградби би можеле да им бидат достапни на корисниците.