На секоја компанија неопходен и е барем патент за флексибилен смартфон со екран на преклоп, а најновиот меѓу нив е откриен за уред од компанијата Sharp. Информациите за патентот ни ги донесува сајтот LetsgoDigital и го прикажува единственото решение на Sharp за ваков телефон.

Sharp барањето за патент го поднесе кај USPTO организацијата во текот на 2017. година, под името “електронски уред кој се држи во рака”. Дизајнот за патентот е објавен на 2. април оваа година, а покажува свитлив и склоплив телефон со две контролни површини под екранот (области со кругови). Ова сугерира гејминг контроли со помош на функции осетливи на допир и притисок.

Смартфонот има исклучителен широк екран со дизајн на куќиштето од два дела, а сегментот за свиткување може да се користи за полесно држење на уредот.

Sharp не е посебно познат во областа на паметни телефони, но флексибилните дисплеи би можеле да и овозможат на компанијата да се пробие на пазарот на мобилни уреди, а посебно доколку се работи за единствени модели со уникатни функции.