Прашање на момент е кога најголем број од релевантните производители на смартфони засекогаш ќе го исфрлат 3,5-милиметарскиот приклучок за слушалки, барем кога се во прашање премиум уредите.  Samsung, LG и Sony се уште не го направија ова, но изгледа дека Sony наскоро би можел да имплементира вакво решение.

Минатата недела, FCC одобри мистериозен телефон на Sony, откривајќи неколку инетересни работи за уредот. Според документацијата, смартфонот моментно е познат под ознаката FCC ID, PY7-21831A i користи USB Type-C порт и за звук и за опцијата за полнење. Ова значи дека не би требало да го имплементира 3,5-инчниот приклучок.

Познато е дека овој Sony уред ќе биде GMS/LTE телефон, со поддршка за сите 3G и LTE бендови.

Sony оваа година веќе објави три нови телефони (Xperia XA2, Xperia XA2 Ultra i Xperia L2), но се уште се очекува новиот преиум модел на компанијата. Можно е дека ова ќе биде новиот 5,7-инчен модел што го одобри FCC. Во текот на MWC 2018 Саемот во Барселона се очекува барем еден нов премиум телефон на јапонската компанија.