Минатата година, Microsoft вети дополнителни функции на својот Edge прегледник, а најинтересни од беа вертикалните табови. Сега, технолошкиот див најавува дека оваа промена доаѓа на сите Edge прегледници во текот на месецот. Табовите ќе се наоѓаат од левата страна на прелистувачот и ќе бидат јасно видливи, меѓутоа доколку корисникот тоа го посака, едноставно може да ги скрие.

Уште една нова функција која пристигнува се вика „startup boost“. Овозможува побрзо покренување на прегледникот во позадина додека корисниците се логираат на своите уреди. Исто така, прегледникот продолжува да работи дури и ако сите прозорци се угасени. Од Microsoft наведуваат дека тоа ќе го намали времето кое е потребно прегледникот да се покрене за околу 30 до 40 проценти. Услугата, според стандардните подесувања, ќе биде постојано вклучена. Меѓутоа, ќе биде можно да се исклучи во подесувањата.