Многу веројатно дека малкумина од нас се задоволни со плеерот кој стандардно доаѓа со денешните паметни телефони.

Секако, има многу одлични алтернативи, а во овој случај во центарот на вниманието е нова апликација која вреди да се погледне, особено ако инфо-забавниот систем на вашето возило има Android Auto функција.

Fermata Media Player не е само аудио, туку и видео плеер, а она што е најдобро e дека доаѓа со поддршка за Android Auto.

Понуден како open-source апликација со целосно директен кориснички интерфејс, Fermata ви овозможува да ги репродуцирате медиа фајловите распоредени по фолдери, така да имате целосна контрола над вашата датотека. Постојат и неколку други музички плеери со Android Auto подршка кои можат да управуваат со локалните датотеки, но Fermata ветува елегантно искуство од една до друга, со поддршка за омилените содржини и плејлисти, CUE и M3U, обележана содржина (bookmarks), репродуцирање по случаен избор и функција за повторување.

Покрај тоа, корисниците на Android можат да ги конфигурираат аудио ефектите и брзината на репродукција за секоја песна и папка, што може да биде корисно ако сакате персонализирана поставка поврзана со одредена нумера.

Сите овие карактеристики се исто така достапни и за Android Auto, а најдоброто од се е што овој нов плеер доаѓа со поддршка за контролите на воланот. Со други зборови, можете да ја контролирате репродукција преку воланот без да го допрете дисплејот од инфо-забавниот систем.

При инсталирање на апликацијата, потребно е да го стартувате fermata-auto-control APK инсталерот за да се овозможат контролите на воланот и да инсталирате AA Phentype Patcher со цел остварување на Android Auto искуството. Комплетните детали се на официјалната GitHub  страница.

Извор: Додај Гас