Најевтиниот автомобил на Teslа за само еден месец ги надмина најмоќните електрични ривали како што се Renault Zoe и Nissan Leaf.

Model 3 имаше одличен старт на европскиот пазар. Откако се појави во продажните салони на Стариот континент кон почетокот на годината, крајот на февруари го дочека на првото место по продажба, кога станува збор за автомобили со електричен погон.

Според податоците кои ги објави JATO Dynamics, Tesla во февруари во Европа испорачал 3.657 примероци од Model 3, со што ги надмина електричните модели Renault Zoe (2.884), Nissan Leaf (2.333), BMW i3 (1.998) и Hyundai Kona EV (1.754).

Овој резултат на Model 3 е за восхит”, смета Фелипе Муњоз, аналитичар во JATO Dynamics.

“Обично на новите модели на пазарот им се потребни 4-5 месеци за да им се наметнат на купувачите и да остварат значителни продажни резултати како овие што ги покажа Tesla по само нецели два месеци во продажба во Европа”.

Резултатите кои ги забележа Model 3 добиваат дополнително на тежина ако се земе предвид дека овој електричен автомобил е значително поскап од двата најблиски конкуренти – Renault Zoe и Nissan Leaf.