Руското министерство за одбрана објави видеоснимка во која се прикажани маневарските способности „сухој 30СМ“, напреден повеќенаменски ловец.

На снимката може да се видат пилоти во своето летало како изведуваат тешки маневри и гаѓање во импровизирани цели.

„Сухој 30СМ“ е борбен авион од генерација „4+“, а претставува модернизирана варијанта базирана на „сухоју 30МКI“, кој е направен за индиското воздухопловство.

Извор: Макфакс