Sony претходно објави дека нивната нова конзола ќе биде подготвена за продажба во текот на празничната сезона во 2020. година, но сега во јавноста протекоа и поконкретни информации. Според нив, конзолата PlayStation 5 најверојатно официјално ќе биде претставена на 20. ноември, 2020 година. Исто така, најавено е дека препорачаната цена на оваа конзола ќе изнесува 499 долари. PS5 ќе биде лансиран во неколку земји, вклучително и САД, додека на останатите пазари најверојатно ќе се појави малку подоцна.

Претходните гласини споменуваа дека PS5 ќе биде претставен меѓу октомври и декември следната година. Потоа слушнавме информации дека тоа би можело да се случи околу 4. декември. Меѓутоа, бидејќи прославата на 25-годишнината на PlayStation ќе заврши на 2. декември, се чини дека Sony одлучи да ја направи годишнината уште позначајна со лансирањето на нова конзола. Досега овие информации се на ниво на шпекулации, но мора да се истакне дека се засноваат и на некои историски факти. На пример, покрај споменатата годишнина на PlayStation, најновиот датум на објавување исто така се совпаѓа и со годишнината на конзолата PS4 конзолата (пет дена по нејзината седмата годишнина).

Веруваме дека официјалните информации ќе бидат достапни на следната E3 конференција, која ќе се одржи во текот на јуни, 2020. година. Sony оваа година не учествуваше, но претседателот на Sony Interactive Entertainment даде назнаки дека ќе биде таму присутен.