Паметниот душек The Pod е нов производ на компанијатa Eight Sleep кој има можност за автоматско прилагодување на температурата во текот на ноќта и во склад со вашите навики во текот на спиењето.

Температурата на телото природно опаѓа во текот на спиењето, поради што The Pod е одличен душек за загревање на зиморливите луѓе.

Душекот има вграден термо аларм кој може да се користи како будилник. Како и другите производи на компанијата, така и овој има функција за следење на спиењето и регулирање на различни температури во зоната на креветот што значи дека можете да го наместите душекот, на пример, да ви ги грее нозете, а разладува грбот и слично.

The Pod има опција да се поврзува со останатите паметни домашни уреди.

Комплетниот систем за контролирање на температурата функционира со посебен резервоар во кој се става вода која служи за ладење и загревање. Температурата на душекот можете да ја загревате во распон од 12 до 46 Целзиусови степени или да оставите автоматски да се прилагодува на температурата на телото.

Цената на The Pod ќе се движи помеѓу 2200 и 2500 долари, а испораката ќе започне од април оваа година.

Извор: Klix.ba