При купување на половен автомобил речиси е невозможно со сигурност да се утврди дали километражата е вистинска или несовесниот продавач се сетил да ја зголеми цената на возилото со многу мало вложување.

Меѓутоа, дека е вратена километражата, може да се насети врз основа на внатрешноста на автомобилот: седиштата, педалите или облогите на воланот.

„Штом ќе видите дека половен автомобил има под 160.000 поминати км, а да не е произведен пред две или три години, знајте дека сопственикот нешто чепкал со километражата”, е еден од советите кои можат да се слушнат од купувачите и продавачите на половни возила.

Бидејќи, многу е едноставно да се манипулира со податоците од контролната табла, бидејќи софтверите, но и уредите за механичко враќање на аналогните километар-часовници се прилично распространети. Колку се зачестени измамите со километражата, најдобро говори фактот што на голем број интернет форуми, веќе со години се расправа за тоа кои софтвери се најпогодни за враќање на бројките.

„Можеби е сепак малку полесно да се открие кога некој ќе го врати часовникот од 200.000 поминати километри, на пример на 80.000. Првиот показател на лажната километража е изабената и стара внатрешност. Сигурно кај автомобилите кои поминале 80.000 километри не се искинати облогите на седиштата, не се оштететни педалите, ниту е оштетена облогата на воланот. Исто така, копчињата за вклучување на светлата и за исклучување на четирите шмигавци не би требало да бидат излижани. Иако реално, сето тоа може да го промени и продавачот, така што нема вистински рецепт, вели автомеханичарот Душан Стевановиќ.

За некои марки постои тн. електронска историја, па само за неколку секунди може преку компјутерот да се провери дали понудениот автомобил е сервисиран во овластените сервиси и колку отприлика можел да помине километри врз основа на годиштето. Тоа посебно важи за автомобилите увезени од Германија.

Наједноставно е од продавачот да го побарате броот на шасијата  и во сервисот врз основа на тој број да ги проверите податоците за километражата, како и за менуваните делови. Од друга страна, од километражата може да биде поважно да се знае дали автомобилот е редовно сервисиран, дали е возен во градски услови, во приватни или официјални цели.

„Подобро е да се купи автомобил со 100.000 километри кој е почесто возен на отворен пат, од оној кој поминал три пати помалку, а возен е во градски услови. Кога некој купува половен автомобил, треба да ја потисне желбата што побрзо да стигне до превозно средство и да го вклучи мозокот Еден автомобил кој непрестано се вози, во просек поминува најмалку 15.000 или 20.000 километри годишно. Тоа треба да се помножи со годините на старост и ете ја рамковната километража, заклучува Стевановиќ.

Кај половните возила кои поминале 100.000 километри и повеќе треба да се обрне внимание на тоа дали се заменети основните потрошни делови, како сопирачките и дисковите. Прва работа која треба да се промени при купувањето на половно возило е запчестиот ремен, кој не е евтин, но секогаш се испоставува како вистинско вложување. Исто така, се препорачува замена на маслото и филтерот.