HP претстави два нови монитори, дизајнирани за работа, училиште и гејминг. Првиот монитор е фокусиран на конференциските повици и бизнис сегментот, додека другиот е насочен на работа, училиште и делумно гејминг.

HP E24mv G4 е FHD конференциски монитор и ја има титулата на прв светски Zoom сертификуван монитор. Совршен е за работа од дома или во канцеларија и им е наменет на оние кои секојдневно извршуваат конференциски повици. Екранот од 23,8 инчи е IPS и нуди контраст од 1000:1, одзив од 5 мс и 250 нита осветлување. Поседува камера од 5MP за висококвалитетни видео повици, а постои и можност за подесување на свртувањето од 25 степени.

Од влезовите се достапни еден VGA, HDMI 1.4 и DisplayPort 1.2 приклучок, како и четири USB-A 3.1 Gen 1 портови. За богато звучно искуство, тука се вградените звучници и два микрофони. HP Eye Ease технологијата штити од сина светлина, додека четиристраната ергономија го олеснува работењето во текот на подолго време. HP E24mv G4 се очекува во текот на август, а цената на мониторот не е објавена.

HP M27fd USB-C мониторот е првиот “Works With Chromebook” сертифициран монитор на компанијата, кој од старт се поврзува со Chromebook уредите. Споменатиот сертификат означува дека производот е тестиран од Google и задоволува посебни конекции, влезови и напојување.

Овој 27-инчен IPS дисплеј нуди 1000:1 контраст, 5ms одзив и осветлување од 300 нита. Од влезните портови се достапни еден VGA, еден USB-C 1.2, два USB-A 3.2 Gen порта и два HDMI 1.4 порта со HDCP поддршка.

Мониторот е дизајниран да работи на Chrome OS, со целосна функционалност на Google пакетот, но работи и со кој било лаптоп со USB-C поддршка за конекција и напојување. HP M27fd USB-C мониторот има HP Eye Ease со Eyesafe сертификат, а се продава по цена од 300 долари.