Новиот трговски модел ќе ги намали цените на автомобилите во просек за 6 проценти.

Во следните неколку месеци, Tesla целосно ќе го трансформира својот модел на продажба и своите електрични автомобили ќе ги продава претежно онлајн. Ова е официјално најавено од компанијата, која промената ја планира како дел од мерките за намалување на трошоците и намалување на цените на поединечните модели, кои се очекува да поевтинат во просек за 6%.

Во моментов Tesla има околу 120 продавници за автомобили во САД – главно во молови и трговски центри, кои мора да се каже дека заземаат многу помала површина во споредба со традиционалните автомобилски салони, немаат сервиси и не нудат дополнителни услуги како осигурување и финансирање на клиентите.

Ако новиот модел на продажба на Tesla успее, тоа секако ќе биде голем удар врз традиционалните дилери на автомобили, кои се долгорочно обврзани со автомобилските производители.

Од Tesla објаснуваат дека во САД, секој може да си купи автомобил за само една минута преку својот паметен телефон, а наскоро тоа ќе биде можно и за целиот свет.