Има се повеќе гласини за Galaxy Note 8 како што се приближуваме до презентацијата на смартфонот, што е закажана за 23. август. Најновите информации пристигнуваат од Samsung Electro-Mechanics, дивизијата задолжена за мобилните камера модули, која објави водич за тоа како работи дуал-камера модулот.

Со оглед на тоа што се очекува дека Galaxy Note 8 ќе биде првиот глобално достапен телефон на Samsung со ваков систем, може да се претпостави дека водичот се однесува на камерата на уредот.

Првата функција во водичот се вика Super Night Shot. Споредбата покажува како изгледа фотографијата кога се креира со смартфон со една камера и како втората камера на телефонот значително го подобрува добиениот резултат.

Smart Zoom е една од најинтересните опции, а овозможува оптички 3x зум. Тука е и 3D Depth функцијата, која овозможува примена на селективен фокус и замаглување на деловите на фотографијата за да се имитира ефектот на камерата со голем сензор.

Новиот дуал-камера модул донесува и HDR фотографии и некои дополнителни функции како што се Background Effect и Perspective View.