Samsung неодамна претстави три паметни телефони од Galaxy A серијата, Galaxy A10, Galaxy A30 и Galaxy A50. Сега пристигнуваат информации за доаѓањето на пазарот на уште еден смартфон од оваа серија уреди.

Galaxy A40 наскоро пристигнува на пазарот, барем ако се суди според интернет страницата MySmartPrice, која наведува дека споменатиот паметен телефон ќе се најде на европскиот пазар по цена од 249 евра.

Според самото име на телефонот, не е тешко да се заклучи дека се работи за мобилен уред, кој би требало да се позиционира помеѓу претходно споменатите Galaxy A30 и Galaxy A50 модели. Galaxy A40, според некои гласини, во продажба би требало да пристигне со чипсетот Exynos 7904, додека други гласини го споменуваат Exynos 7885. Би требало да има 4 GB RAM меморија и да работи на оперативниот систем Android 9.0 Pie.