Глобалниот пазар на таблет уреди годинава ќе регистрира пад на продажбата за 4,3 отсто на годишно ниво, на 145,5 милиони парчиња, прогнозираат аналитичари на „ТрендФорс“, кои тврдат дека главна причина за овие трендови е слабиот интерес за поевтините модели, како и популарноста на уреди како паметни звучниците.

Според аналитичарите, повеќето производители не успеваат да се справат со ситуацијата и ќе остварат пад на продажбата оваа година. Исклучок од ова ќе биде кинескиот гигант Huawei, кој очекува да продаде над 30 отсто повеќе таблети на глобално ниво во однос на 2017. година.
Благодарение на добрите перформанси и над 14 милиони продажби Huawei ќе ја заврши годината со пазарен удел од околу 9.8 отсто. Тоа е бројка, која е доволна компанијата да го надмине Amazon и да стане третиот најголем производител на таблети на глобално ниво. На глобалниот пазар на таблети и натаму води Apple со најголем пазарен удел од 29,6 проценти продадени iPad уреди, а истата бројка се предвидува и за следната година.
 Стратегијата на Huawei да се фокусира на нискиот ценовен сегмент и да им понуди на своите корисници атрактивни уреди со пониска цена се покажа доста успешна. Во моментов, компанијата веќе започна со работа на следната генерација на 5G мрежни уреди кои ќе бидат клучни за нивната стратегија во 2019 година.
Според експертите, ако ги задржи добрите перформанси, Huawei има целосен потенцијал да стане уште подоминантен фактор на глобалниот пазар на таблети.