За време на фискалната 2017 година, на Извршниот директор на Apple, Тим Кук му се исплатени 3,06 милиони долари на и 9,33 милиони бонус. Освен тоа, добил и акции со вредност од 89,2 милиони долари. Кук заработил вкупно 102 милиони долари, доколку ги продаде акциите што ги поседува.

Најдобро платена е директорката за продажба Ангела Аренц, која ја завршува годината со 24.216.072 долари во џеб. Со податоците за примање, наведено е дека надзорниот одбор инсистирал Тим Кук да користи приватен авион за сите свои патувања, без разлика дали се деловни или од приватна природа, затоа што така ќе биде поефикасен и безбеден.