Неодамна Fairphone претстави нов телефон од својата палета. Се работи за телефон наречен Fairphone 5 и во најмала рака е интересен уред.

Направен е од 70% рециклирани и слични материјали. Компанијата нуди и опција да го ставите вашиот стар телефон во кутијата во која пристигнува Fairphone 5 и да го испратите до компанија која ќе го рециклира за вас. Ова е само еден од начините на кои компанијата гарантира дека нејзините производи се еколошки.

Fairphone 5 е уред кој е наменет за долготрајна употреба. Телефонот доаѓа со гаранција од пет години, а компанијата ќе нуди софтверска поддршка до 2031 година (загарантирана), со уште две години надградби после тоа. Телефонот се испорачува со Android 13 и компанијата планира да испрати дури пет главни надградби на Android на овој уред во иднина.


Телефонот е многу лесен за поправка, а се што ви треба е шрафцигер Phillips. Има десет делови кои можете сами да ги замените без да одите во сервисен центар. Деловите се продаваат од Fairphone и партнерите. Тие вклучуваат нов OLED екран, задни и предни камери, USB приклучок и батерија.

И сега да ги погледнеме останатите спецификации. Телефонот има 6,46-инчен OLED екран со резолуција од 1224 x 2700 пиксели. Стапката на освежување е 90 Hz, а е заштитена со заштита од Gorilla Glass 5. На горниот дел од екранот се наоѓа селфи камера од 50 MP. Тоа е JN1 сензорот на Samsung со поддршка за 4K видео со 30 fps.

На задната страна на телефонот има интересен исечок каде се сместени три сензори за камера – главниот сензор од 50 MP (Sony IMX800) со поддршка за OIS, ултра широк сензор со видно поле од 117 степени со автофокус и трето е т.н сензор за време на летот (Time of Flight Camera).

Fairphone 5 се напојува со чип Qualcomm QCM 6490, кој е многу сличен на Snapdragon 778G. Достапен е во една конфигурација на меморија – 8/256 GB, а има и слот за microSD картичка. Телефонот е со две SIM-картички со еден слот за физички SIM и една eSIM.

Батеријата од 4200 mAh се наоѓа под капакот, а поддржува брзо полнење од 30 W, со што телефонот ќе се наполни до 50 проценти за 20 минути. Телефонот има стерео звучници, скенер за отпечатоци од десната страна и IP55 сертификат.

Цената на телефонот Fairphone 5 е 699 евра, за единствената верзија од 8/256 GB.