Доколку имаат проблеми со екраните, корисниците на iPhone X ќе имаат право на бесплатна замена, се вели во соопштението на Apple.

Apple покрена програма за замена на екраните на iPhone X кои не работат како што треба, а помеѓу проблемите се бавната или никаква реакција на допир на екранот и активностите на дисплејот кога се допира. Програмата вреди само за iPhone X и не ги вклучува новите модели iPhone XS, XS Max и XR.

Доколку корисникот смета дека екранот на неговиот iPhone X не функционира исправно, тогаш треба да му се обрати на Apple или овластените партнери за бесплатна замена на екранот.

Меѓутоа, ако екранот е оштетен, тогаш постои голема можност корисникот да го изгуби правото на бесплатна замена.

Apple вети и дека ќе ја промени SSD меморијата со која имаат проблеми корисниците на 13-инчниот MacBook Pro без Touch Bar, модел што се продаваше од јуни минатата до јуни оваа година. Компанијата востанови дека одреден број модели на 13-инчниот MacBook Prо со SSD диск од 128 и 256 GB имаат проблем кој може да резултира со губиток на податоци или дефект на SSD. И во овој случај компанијата ќе направи бесплатна замена. Доколку корисникот не е сигурен дали програмата го покрива и неговиот MacBook Pro, тоа може да го провери со внесување на серискиот број на уредот на веб-страницата на Apple.