Глечерот го носи името B-46, по површина е три пати поголем од Менхетн и докажува дека глобалното затоплување, полека но сигурно, го менува изгледот на нашата планета.

NASA оваа недела објави фотографии од џиновскиот глечер, кој цитираме e „три пати поголем од Менхетн”. Снимките се направени како дел од операцијата IceBridge, а најинтересно е што до денес никој не го ни видел овој глечер. Научниците му да го дадоа името B-46. Џиновското парче мраз минатиот месец се одвои од глечерот Pine Island.

Скриен џин

Pine Island е сместен на западниот дел на Антарктикот и е познат како „јасли” за глечерите, кои полека ги отпушта во Амундсеновото море. Загрижувачката промена која ја забележа NASA вклучува голем број нови глечери – директен резултат на глобалното затоплување.

Фотографиите се снимени минатата среда во текот на летот, кој беше извршен во склоп на долгорочната кампања на мерење и собирање примероци од морски мраз, глечери и посматрање на критичните подарчја на Земјиниот леден покрив.

Националниот центар за истражување на мраз, на 29. октомври процени дека површината на масивниот глечер B-46 изнесува 226,3 квадратни километри и потврди дека главниот глечер веќе некое време се крши.

Pine Island и блискиот глечер Thwaites го повишуваат морското ниво за околу еден милиметар годишно, известува NASA.