Недолго по официјалната објава, Samsung Galaxy S10 почна да се појавува на тестовите на издржливост на YouTube. JerryRigEverything е еден од првите канали, кој го одработи овој тест, на свој специфичен начин.

Видеото открива некои интересни детали. На пример, сега знаеме дека сензорот за отпечатоци од прсти се наоѓа под екранот кога дисплејот е оштетен. Исто така, интересно е дека запечатените отвори, кои спречуваат продор на водата во телефонот, се со виолетова боја.

Кога е во прашање ултрасоничниот сензор за отпечатоци, по првиот тест на гребење на екранот, работеше без проблеми. Меѓутоа, со подлабоки засеци и пукнатини во екранот, сензорот одбиваше да рабори. Од друга страна, претходните тестови покажаа дека оптичкиот сензор подобро се снаоѓа во вакви ситуации.

Со оглед на тоа дека се уште се наоѓаме во почетните фази на развојот на технологијата на сензорот на отпечатоци од прсти во екранот, останува да се види која технологија на крајот ќе преовлада – оптичкиот или ултрасоничниот тип на сензор.