Групата Руселелектроникс, која е дел од државната Ростек корпорација, разви мобилен супер-компјутер со капацитет од 2,2 петафлопси, кој може да открие апликации во одбранбената и вселенската индустрија.

„Компјутерската мерка од 1,9 x 1,35 x 1 m овозможува постигнување на рекорден капацитет од 2,2 петафлопси за компјутерите со такви димензии и зафатнина на податоци до 2,2 петабајти”, се наведува во соопштението на Ростек, пренесува Тасс.

Како што се наведува, меѓу потенцијалните корисници на новиот производ се организациите во одбранбениот сектор и вселенската индустрија, технолошките паркови, истражувачките и образовните институти.

Супер компјутерот има систем на ладење кој има речиси бешумен режим на работа, како и заштита од прашина и влажност, а отпорен е и на оган, се наведува во соопштението.

Новиот вид компјутер користи 40 проценти помалку електрична енергија од другите компјутери.

Извршниот директор на Ростек, Олег Јевтушенко истакна дека компјутерот може да се користи во вселената за „автоматска идентификација на објектите на сателитските снимки, моделирање на вселенските летаа и проценка на состојба ана нивните бродски системи.

Компјутерите можат да се користат и за пресметките во роботиката, вештачката интелигеција, обработката на големиот број податоци и сличните процеси.