Откако се појавија фотографиите за тоа како би можел да изгледа новиот Galaxy S11, пристигнаа рендерите за моделот Galaxy S11e кој би требало да има 6,2 или 6,3 инчен екран.

Сепак, ќе биде релативно компактен, а на задната страна ќе бидат сместени три камери, нешто слично како кај iPhone 11 Pro и Pixel 4. Се чини дека нема да има дополнителни сензори за длабочина и други можности.

Сензорот за отпечаток од прст ќе биде интегриран на екранот, како и на повеќето модели на S10. Исто така, не го содржи ни класичниот 3,5-милиметарски влез за слушалки.

Меѓутоа, треба да се земе во обзир фактот дека S11 линијата уреди нема да се појави до февруари следната година, така што работите би можеле да се променат.