Се појавија рендери кои прв пат во целост го прикажуваат претстојниот најнов смартфон на Huawei – Mate 20 Pro. Иако не може со сигурност да се тврди дека се работи за автентични фотографии, можно е да се споредат со претходните гласини за телефонот.

Рендерите го прикажуваат уредот во три различни варијанти: Blue, Black и Twilight. Сите модели имаат црни рамки, а судејќи според се рендерите се поклопуваат со претходните информации кои се појавија за смартфонот.

За почеток, тука е закривениот десплеј од двете страни на рабовите; системот со три камери на задната страна поставен во четвртест аранжман. На рендерите не се гледа сензорот за отпечатоци на прстот на задната страна, што ја потврдува можноста дека е сместен под екранот на уредот.

Mate 20 Pro ќе биде прв уред што ќе го користи процесорот Kirin 980, креиран во 7 нанометарски процес. Се очекува телефонот да има батерија со капацитет поголем од 4000 mAh, но конкретните детали ќе ги дознаеме на 16 октомври на претставувањето на смартфонот во Лондон.