Google веќе ја објави финалната верзија на Android 9 и откри дека кодното име ќе биде Pie. Тоа е знак за производителите на уреди да почнат да откриваат детали за уредите кои ќе ги обноват до верзијата.

Неодамна, тоа го стори HTC, а сега и Motorola е подготвена да обезбеди детали. Според компанијата, ширењето на надградбата ќе почне наесен и ќе биде достапна за Moto Z3, Moto Z3 Play, Moto Z2 Force edition, Moto Z2 Play, Moto X4, Moto G6 Plus, Moto G6 и Moto G6 Play.

Засега нема повеќе информации за почетокот на ширењето, но компанијата ветува дека подоцна ќе сподели дополнителни детали.