Realme во септември ги претстави X7 и X7 Pro телефоните, кои моментно се достапни само во Кина. Меѓутоа, Pro моделот во октомври е сертификуван во Тајван, со што е сугерирана глобалната објава. Сега е објавено дека Realme X7 Pro глобално ќе стане достапен на 17. декември, а првиот пазар е Тајланд.

Realme X7 Pro го покренува Dimensity 1000+ чипсет и има 6,55 инчен FullHD+ 120Hz Super AMOLED дисплеј, што го прави прв Realme телефон со OLED екран со ваква стапка на освежување.

X7 Pro поддржува 5G мрежи и има вкупно пет камери – од предната страна има 32MP сензор, додека на задната страна се сместени 64MP главна камера, 8MP ултраширока, 2MP макро и 2MP сензор за длабочина. Телефонот има и сензор за отпечатоци од прсти во екранот, а уредот го напојува батерија од 4500mAh со поддршка за 65W брзо полнење.

Од друга страна, Realme X7 користи Dimensity 800U чипсет и има 6.4″ FullHD+ AMOLED екран.  Камерите се исти како кај Pro моделот, тоа важи и за сензорот за отпечатоци и брзините на полнење батеријата, која има капацитет од 4300mAh.