Mi Store Македонија вчера свечено ќе ги отвори вратите за ново купувачко искуство на производи со висок квалитет, совршени технолошки перформанси, уникатен изглед и со атрактивни цени.

Во Mi Store за првпат на нашиот пазар купувачите директно ќе можат да се запознаат со производите на Xiaomi и производите од Mi- екосистемот, препознатливите Mi паметни телефони, Mi електричниот скутер M365 и функционалните технолошки уреди.

“Mi Store e единстваната продавница во нашата земја, каде можат да се купат оригинални Mi производи со гаранција, обезбеден сервис и резервни делови. Исто така особено задоволство ни е присуството на официјалниот претставник од Xiaomi од Кина, г-динот Брус Пенг, кој за отварањето специјално дојде во Скопје. Со ова, на нас како претставници на овој светски бренд во Македонија, ни дава до знаење дека овој пазар е исто така важен и допринесува во светскиот пазар на технолошки брендови, а ваквата поддршка ни дава одличен мотив за да обезбедиме врвно искуство за љубителите на нашите производи – изјави Ѓоко Ристов. “

На свеченото отворање Mi Store Македонија овозможи попусти како и вредни подароци за купувачите, Mi мобилни телефони, Mi гаџети, маички и многу други.