По долго очекување на новиот модел на „Пежо“, денеска (26 септември), во еден од престижните локали во Скопје беше презентиран „пежо 508“.

Презентацијата на овој модел беше пред внимателно одбрана публика со цел да се задржи ексклузивитетот на неговото претставување со најава за официјално пристигнување на автомобилот кон крајот на декември годинава.

Настанот го отвори Ана Николоска, менаџер за медиуми и односи со јавност во „Еуроимпекс“, која јасно посочи за ексклузивното претставување на овој модел во Скопје, пред неговото појавување на Интернационалниот саем во Париз и го нарече креација на иднината создадена од страна на Automobiles Peugeot.

Ивана Манчева Михајловска, извршен заменик-директор и регионален маркетинг-директор на „Еуроимпекс“, зборуваше за стратегијата на компанијата и развојот на брендот и посочи дека се многу блиску до „премиум“ друштвото и со задоволство истакна дека најновиот модел на брендот (новото „пежо 508“) уште еднаш го потврдува тој факт.

„Новото ‘пежо 508’, не е наследник на истоимениот модел. Тој е сосема ново возило е олицетворение на една нова визија и влез во целосно нова ера. Ера на технологија, на автономност, на моќ сплотена со елеганција и комфор. Креиран за ваше целосно задоволство. Нашите успеси не сопираат тука! Продолжуваме понатаму!“, изјави Томислав Нафидов, регионален директор на продажба во „Еуроимпекс“.

Новото „пежо 508 GT“, кое беше презентирано на настанот, со својата нова боја Ultimate Red, спортската елеганција, највисокото ниво на технологија и автономност, на моќ а воедно и уживање во возењето и беспрекорен комфор, е комплетно креиран за целосно задоволство на возачот и патниците.

Со целосно новите предни и задни светла, ниската каросерија, прецизно исцртани линии, врати без рамки, нови мотори, нов автоматски менувач со 8 степени на пренос, висок квалитет на кожен ентериер, опција за night vision и многу други дополнителни елементи во опремата ги надмина очекувањата на сите присутни.

Новото „пежо 508 GT“ ќе можете да го погледнете во салонот на „Еуроимпекс“, на „Трета македонска бригада“ број 72, 1000 Скопје, во деновите од 26 до 29 септември, a за тест-возење и повеќе информации околу моделот можете директно да се обратите кај одговорниот тим на „Еуроимпекс“.

Оваа година забележани се фасцинантни 20 000 продадени  возила „пежо“ во Македонија на што генералниот директор на „Еуроимпекс“, Кирил Воиновски, изјави:

„Toa e бројка од задоволни клиенти на која сме неизмерно горди! Број што укажува на сите факти за успешноста и умеењето на раководење со бизнисот, број што нè става на прво место на листата на импортери во Македонија и број кој во иднина секако ќе се потрудиме рапидно да се зголемува“, посочи тој.

Генералниот директор на „Еуроимпекс“, Даниел Воиновски, додаде: „Пред 4 години, брендот го промени врвното раководство, а со тоа се промени и нашата стратегија. Во минатата 2017 година остваривме извонредни резултати! Брендот постигна нови рекорди и бележиме историска продажба со над 2.000.000 продадени  возила во светот. Минатата година продажбата беше фокусирана на SUV сегментот, што резултираше со 600 000 продадени Peugeot SUV возила“, посочи генералниот директор на „Еуроимпекс“.