Sony објави кога ZG9 8K телевизорите ќе бидат достапни и по која цена. Моделите од 85 и 98 инчи ќе бидат достапни од јуни, по цени од 17.000 и 80.000 евра. ZG9 серијата беше објавена во февруари, а ја карактеризираат LCD панели со 8K резолуција и local dimming.

Телевизорите поддржуваат HDR10, HLG и Dolby Vision. Според достапните спецификации, максималното освежување за 8К резолуција изнесува 30 Hz. Не постои HDMI 2.1 поддршка, иако Sony не споменува која генерација на HDMI портови е имплементирана во телевизорите. Моделите се опремени со Android TV оперативниот систем на Google.