Компанијата DJI ги претстави дроновите Mavic 2 Pro и Mavic 2 Zoom – првите комерцијални дронови кои поседуваат сензори за откривање на препреки од сите страни на нивните куќишта.

Новите дронови поседуваат 10 сензори кои се задолжени за спречување на судири со објекти над и под нив, како и оние кои се наоѓаат од нивната предна, задна, лева и десна страна.

Дроновите добиле и понапредни камери во однос на нивните претходници, со опции за зумирање и подобри бои во однос на претходните модели.