Нов тип на литиумско-кислородна батерија може да собере повеќе енергија и да има поголем век од нејзините претходници.

Литиум-кислородните батерии, кои се “поенергетско-густи“ од останатите типови на батерии, се направени од поиздржливи материјали одколку литиум-ајон ќелиите, и се потенцијалниот кандидат за следната генерација на батерии кои што се полнат.

Овие батерии не се користат многу бидејќи брзо умираат, но со променувањето на некои од материјалите со кои што се прават, истражувачи сега направија батерија која што испушта 100% од енергијата во неа и може да биде наполнета минимум 150 пати.

Со дополнително усовршување на оваа батерија во иднина, таа има најголеми шанси да претставува посигурен извор за енергија кај електричните автомобили.