Google ја објави првата верзија за Chrome 74, кој пристигнува со поддршка за темниот режим во Windows. Прегледникот сега автоматски ќе ја вчитува својата потемна тема, доколку корисникот го подесил на Dark во сетинзите на платформата.

Покрај додавањето на темна тема, Chrome 74 ќе го направи прелистувачот подостапен за оние корисници кои патат од мачнина во текот на движењата. Прегледникот ќе може да им нареди на сајтовите да ги почитуваат преференците на корисникот на база на оперативниот систем, кога се во прашање движењата и анимациите.

Доколку е вклучена опцијата “Remove animations” или “Reduce motion” на iOS, Android, Windows или Mac, браузерот би можел да осигура дека страницата која се посетува навистина не репродуцира видео или не покренува визуелни ефекти кои можат да предизвикаат вртоглавица и мачнина. Сепак, ова ќе функционира само на сајтовите кои ќе изберат да креираат помалку нападни алтернативи за своите подинамични страници.