Францускиот производител Peugeot претстави караван базиран на втората генерација на својот модел 508. 

Peugeot 508 е караван варијанта која сепак не го загуби спортскиот имиџ кој го поседуваше лимузинската верзија. Возилото има подинамичен дизајн од својот претходник и доби врати без рамки.

Предниот дел е идентичен како и на седан верзијата која беше претставена на саемот на автомобили во Женева, а дизајнерите на француската компанија успешно го применија стилскиот концепт на задниот дел од автомобилот, кој веќе го видовме и на лимузинската верзија.

Оваа караван верзија на Peugeot 508 е подолга за 3 сантиметри во однос на лимузината, но е пократка од претходниот караван за дури 5 сантиметри.

Благодарение на тоа што е поставен на новата (EMP2) механичката платформа, која ја дели со модели како што се Peugeot 5008 и DS7 Crossback, новиот 508 во просек е полесен за 70 килограми во споредба со својот претходник.

На потрошувачите овој модел ќе и биде понуден со 5 верзии на мотор – два 1.5 литарски PureTech бензинци и три BlueHDi дизели.

Бензинците располагаат со 180 и 225 коњски сили, додека дизел моторите располагаат со 130, 160 и 180 коњски сили.

Puegot најави дека во втората половина на 2019 година ќе претстави и pluig-in хибридна верзија од овој модел.

Новиот 508 караван на публиката и официјално ќе и биде претставен во живо на саемот за автомобили во Париз во октомври.