NASA предупреди дека низ вселената се движи астероид со огромни димензии, наречен 2016 NF23, и кој се смета за потенцијално опасен. Проценето е дека астероидот е голем 160 метри и се движи со брзина од преку 32 илјади километри на час.

Според пишувањата на лондонски Mirror, се работи за астероид кој е значително поголем од оној го погоди подрачјето на рускиот град Чељабинск во 2013 година, кога 1,500 лица побараа лекарска помош.

Добрата вест е во тоа што астероидот нема да се судри со Земјата, и тој покрај неа ќе помине на раздалеченост од 4,5 милиони километри, а NASA го смета за потенцијално опасен бидејќи во случај на судар со Земјата, ударот би бил толку силен што целосно би бил уништен еден град со повеќемилионско население.