Instagram воведува нова алатка „Usage Insights” која ќе им овозможи на корисниците да проверат колку точно време поминуваат во апликацијата.

Истражувачот на апликации, Џејн Манчун Вонг е првиот што ја пронајде опцијата, скриена во кодот на Android верзијата на Instagram.

Подоцна, Генералниот менаџер на Instagram, Кевин Систром потврди на Twitter дека компанијата гради алатки кои ќе им помогнат на корисниците да знаат колку точно време поминуваат на социјалната мрежа.

Иако нема многу детали што се ќе содржи новата опција, ова го прави Instagram да биде дел од движењето на поголемите компании кои им овозможуваат на корисниците да имаат преглед како и колку го користат слободното време со нивните производи.

Google, исто така, најави дека наскоро корисниците ќе можат да следат колку точно време користат било која апликација на новиот Android P.