Вулканот на Хаваите е активен веќе дванаесетти ден по ред, а сега на социјалните мрежи се појавија нови фотографии од ерупцијата, овој пат од вселената.

Имено, двајца астронаути од Меѓународната вселенска станица направиле фотографии кои покажуваат како од нивна перспектива изгледа вулканската ерупција, а потоа ги споделиле на социјалните мрежи.

Првата фотографија била направена на 12 мај и на неа може да се види чадот што се шири од вулканот, а втората фотографија е направена пред два дена. Од неа може да се забележи дека по неколку дена ситуацијата станала посериозна.

По ерупцијата на вулканот Килауеа, најопасна е седумнаесеттата пукнатина (од вкупно 21), која се отворила пред неколку дена и од која излегува најмногу лава, во некои случаи во висина од 150 метри.