По 12 години работа и вложени 15 милиони фунти, големиот компјутер дизајниран да имитира човечки мозок конечно е подготвен да биде вклучен, објави Индипендент.

Направен во Манчестер, компјутерот SpiNNaker се состои од милион процесори кои може да извршат 200 билиони акции во секунда. За разлика од традиционалните компјутери, тој не комуницира со испраќање голем број информации од точка А до точка Б преку стандардан мрежа. Наместо тоа, тој има паралелна комуникациска структура на мозок така што истовремено испраќа мали количини информации на различни дестинации.

– Направивме во суштина, машина што повеќе работи како мозок, а не традиционален кoмпјутер што е многу возбудливо.Крајната цел на проектот е постигната – милион јадра во еден компјутер за примена на апликации за однесување како мозок во реално време, изјави стив Фарбер од Универзитетот во Манчестер.