Неодамна беа објавени iOS 17 и Android 14, а на интернет повторно започна дебата за тоа кој ОС е подобар и зошто.

Додека iOS веќе доби ажурирање во обидот на Apple да ги поправи воочените проблеми, Android 14 само што дебитираше на моделите Pixel и неколку други брендови, па ќе почекаме неколку дена пред да донесеме пресуда за тоа како функционира.

Вечната дилема е кој од овие два оперативни системи е подобар и се вжештува со секоја презентација.

Некогаш се работи за навика, некогаш за оперативна функционалност, а некогаш за достапност на одредени апликации. Сепак, сосема е јасно дека секој има свој фаворит, поради една или друга причина.