Непрофитната организација Arch Foundation има намера да ја испрати онлајн енциклопедијата Wikipedia на Месечината. За да го направи ова, сите статии на англиски јазик презентирани на порталните простори ќе бидат испечатени на минијатурни метални плочи. Идејата за проектот е зачувување на податоците за нашата планета во случај да се случи катаклизма. На некој начин, оваа Wikipedia база на Месечината би била резервна копија на историјата на човештвото на Земјата.

Металните плочи се со големина 17×17 mm и ќе бидат потенки од човечко влакно коса – само 20 микрони. На секоја страна ќе бидат испечатени околу 8000 страници. Организаторите на проектот велат дека целата библиотека на англиски јазик треба да биде ставена во сад со големина на кутија за CD-ROM.

Во прилог на страниците од Wikipedia, Фондацијата исто така ќе ги испечати и страниците од проектот Rosetta на Long Now Foundation, која содржи повеќе од 1500 човечки јазици. Се планира ракетата со сите податоци да ја напушти Земјата во средината на 2020 година.