Лиценцата на Uber во Лондон беше продолжена за 15 месеци од лондонскиот суд во Вестминстер, кој ја разгледа жалбата на компанијата против одлуката на транспортниот регулатор да му ја одземе, пренесоа Франс прес и Ројтерс.

Судијата Ема Арбетнот изјави дека компанијата ги направила потребните промени за да одговара на барањата, откако барањето нејзино за лиценца беше отфрлен минатата година.

Регулаторот TfL – Transport for London одби да даде лиценца на компанијата од Силиконската долина за најмување на автомобил со возач преку апликација на интернет поради пропусти во известувањето за тешки злосторства и проверките на возачите. Неговиот адвокат посочи дека трошоците што треба да ги плати Uber ќе изнесува 425.000 фунти (562.487 долари).

Uber, која има околу 45 илјади возачи во Лондон, активира голем број на нови иницијативи во одговор на пресудата, вклучувајќи деноноќна телефонска линија и проактивно пријавување на сериозни инциденти на полицијата. Компанијата, исто така, го промени својот висок менаџмент во Велика Британија, што е најголемиот европски пазар, пишува Ројтерс.