Јужнокорејската компанија Samsung во првото тромесечје остварила рекордна добивка од 14, 7 милијарди американски долари, благодарение на порастот на побарувачката за мемориски картички за мобилните телефони. Со тоа добивката е зголемена за 60 проценти во споредба со лани.

Компанијата изинатите години имаше слаби резултати, откако мораше да го повлече Galaxy Note 7 поради експлозија на батериите, што ги чинеше милијарди долари.