Вселенската туристичка компанија на Ричард Брендон, Virgin Galactic успешно го изврши првиот лет на своето вселенско летало со вклучен мотор по фаталната несреќа во 2014.година

Вселенското летало на Virgin Galactic е поинакво од другите, бидејќи се лансира во текот на летот од поголем авион наречен White Knight Two. Оваа верзија на леталото под името SpaceShipTwo VSS Unity изврши седум пробни летови без вклучување на моторите, откако беше направено во 2016. година и беше пуштено од височина од 14.000 метри. Но, вчера пилотите Марк Стаки и Дејв Мекеј го запалија моторот на Unity и го продолжија летот.

Моторот на вселенското летало работеше 30 секунди и овозможи достигнување на суперсонична брзина од 1,87 Mach пред моторот да биде угасен.

Леталото се движеше 25,6 километри пред да слета во вселенската база која се наоѓа во пустината Mojave. Авионот White Knight Two сигурно слета 30 минути подоцна.